Се проширува вардаровото семејство: Дембеле е бремена, ќе паузира следната сезона (ФОТО)

Репрезентативката на Франција и ракометарка која остави трага и во дресот на Вардар, Сираба Дембеле веќе ја заврши сезоната, а на терените се очекува да се врати во 2020 година. Се повлече поради бременост, а радосната вест беше објавена на официјалната фејсбук страна на екипата на Тулон, во која настапува во првенството на Франција.

За раководството на клубот ова не е изненадување и тие биле свесни за плановите на ракометарката. Менаџерите во Тулон веќе ги разгледуваат потенцијалните кандидатки кои би можеле да ја заменат Дембеле.

Поранешната ракометарка на Вардар се очекува да се врати на терените во втората половина на сезоната 2019/20. Според тоа би требало да настапи и на Олимписките игри во Токио. Таа е освојувачка на златни медали на светските и европските првенства, како и на сребрен медал од Олимписки игри.

Дембеле е во брак со фудбалскиот голман Игор Павловиќ, со кого се запознаа за време на престојот во Вардар.

 

View this post on Instagram

 

#24weeks👶🏽👶🏽☀️☀️☀️

A post shared by DEMBELE SIRABA (@sirab86) on