Сара Ристовска заигра и ватерполо (ФОТО)

Ракометарките на ЦСКА Москва интензивно се подготвуваат за сезоната. Тие беа на подготовки во Данска, а на еден од тренинзите тренерот Јан Лесли воведе многу интересна новина за ракометарките. Тренингот беше одржан во базен, девојките играа ватерполо.

Данскиот стручњак постојано со иновативни методи се обидува што подобро да ја подготви екипата за натпреварите во нивната прва сезона. ЦСКА Москва во многу работи се наметнува како оригинален клуб.

Откако ракометарките имаа фото-сесија во фустани и обезбедија чирлидерки за домашните натпревари, сега и на тренинзите воведоа нов начин на тренинзи. Во продолжение погледнете ги фотографиите од тренингот.