Рутенка „раскина“ со Барселона

Најдобриот белоруски ракометар и долгодишен член на Барселона, Сергеј Рутенка од денеска не е дел од каталонскиот состав. Рутенка го раскина договорот со Барселона, а ова беше очекуван потег бидејки во Барселона добиваше се помалку шанса за настап во првиот тим.

Обострано е договорен прекинот на соработката со Сергеј Рутенка. Му благодариме на овој ракометар за придонесот во успесите на клубот во изминатиот период и му посакуваме многу среќа во иднина“-објави каталонскиот гигант на својата официјална страна.

Додека настапуваше во Барселона, Рутенка често пати беше поврзуван со трансфер во македонскиот шампион Вардар, па македонските љубители на ракометарот со нетрпение очекуваат дали овој ракометар по Арпад Штербик би бил второто засилување од Барселона во црвено-црниот состав.