Русите „украдоа“ уште еден тренер на Вардар

„Вардарци“ се главни во репрезентацијата на Русија. Не само во играчкиот кадар туку и на клупата. Сергеј Самсоненко, сопственикот на Вардар е главен координатор на машката репрезентација на Русија. Спорсткиот директор Едуард Кокшаров е селектор на „зборнаја. Сега во стручниот штаб ќе има уште еден тренер. Тој досега седеше на клупата на Вардар.

Станува збор за тренерот на голманите, Дејан Периќ. Тој во репрезентацијата на Русија ќе му биде прв помошник на Кокшаров и плус ќе работи со голманите на таа репрезентација. Заеднсо со играчите, сите се на камп во Новогорск во близина на Москва каде се подготвуваат за ЕХФ неделата.

Русија се подготвува за дуел со Италија во квалификациите за ЕП 2020 на 24 октомври. Потоа на 27 октомври ќе игра на гости кај Словачка во Прешов.

Периќ веќе применува дел од работите што ги има во Вардар, како што е загревањето со тн. „топка пластика“. На руските новинари им објаснил дека тоа е склоп на вештини од ракомет, тенис и одбојка само се игра без рекети.

Дејан Периќ ќе му биде „десна рака“ на селекторот Едуард Кокшаров

Во минатото на клупата на Русија покрај Кокшаров седеше и Давид Дејвис. Но, откако реши да биде селектор на Египет се расипа и калимерата со Русите. Беа разочарани од неговата одлука да замине за Египет

Во руската репрезентација за овие два натпревари се повикани и вардарците Дибиров, Шишкарев, Кисељев и Калараш.