Руне Дамке за 24Ракомет ТВ: Заслужено сме во финале (ВИДЕО)

Младиот ракометар на германската репрезентација, Руне Дамке пред финалето на Европското ракометно Првенство во Полска истакна дека Германија заслужено се најде во борбата за златниот медал. Сплотеноста и слободата на секој играч да може да преземе одговорност во било која минута од натпреварот е тоа што ги прави силни како тим. Вели дека немаат ѕвезди и никогаш не се знае кој ќе се истакне на натпреварот. Во продолжение погледнете што изјави во пресрет на мечот со Шпанија.