Романскиот шампион Влчеа потпиша со шест ракометарки, меѓу нив и една поранешна на Металург

Екипата која сезонава го победи амбициозниот состав на ЧСМ Букурешт во борбата за титулата во Романија, Влчеа ги објави засилувањата за следната сезона.

Шпанската ракометарка Миреја Гонзалес од следната сезона се сели во Романија. Таа претходната сезона настапуваше за Ѓер со кој ја освои Лигата на шампиони, а сезонава со Шиофок повторо се закити со европски трофеј овој пат во ЕХФ купот. Асма Ел Гауи, ракометарка од Шиофок, која игра на пикерската позиција исто така се приклучува на Влчеа.

Хрватската голманка Марта Батиновиќ која паузираше заради бременост се враќа на ракометот. Таа во Влчеа пристигнува наредната сезона, а последен клуб за кој играше беше Будуќност. Србинката Кристина Лишчевиќ, која своевремено го носеше дресот на Металург, исто така се приклучува на романскиот состав, а пристигнува од Есбјерг.

Влчеа потпиша и со две ракометарки од Романија, Мадалина Замфиреску која има 24 години и пристигнува од Дебрецин и 29 годишната Ана Марија Саву која пристигнува од Кишварда.