Романскиот Суперкуп за Динамо Букурешт

Во вториот натпревар во спортскиот центар „Поливалента“ во рамките на романскиот Суперкуп се сретнаа градските ривали ЦСМ Букурешт и Динамо Букурешт.

CSM Bukurest-2

На самиот почеток Динамо создаде предност од 4 погодоци, а составот на Шундовски својот прв гол го постигна во 10-та минута. Лошото отворање на натпреварот ги чинеше ракометарите на ЦСМ негатива од шест голови (7-1) во 14-та минута. Кога навивачите на Динамо почнаа да го прославуваат триумфот, натпреварот доби друг тек. Ракометарите на ЦСМ на крилата на голманот Јонут Чобано, комплетно се вратија во игра, во 20-та минута имаа 9-7 и контранапад за еден гол негатива кој не успааа да го реализираат. Затоа на спротивната страна Динамо веднаш возврати, а разликата од три погодоци ја одржуваа до 27-та минута, кога започна нов налет на романскиот првак кој заврши со звукот на сирената за 15-9.

CSM Bukurest-4

ЦСМ Букурешт го започна вториот дел како што го започна и натпреварот, лошата игра се одрази на разликата која до 40-та минута достигна високи девет голови (21-12). Повторно во средината на полувремето, грешките на противникот ги вратија ракометарите на ЦСМ на само три голови разика 22-19. Но веднаш одговори Динамо со своја низа голови, и во последните десет минути влезе со пет погодоци предност. Разлика која се задржа до самиот крај, а по шеесет минути на семафорот останаа запишани 29-25.

CSM Bukurest-3

Нашиот репрезентативец Гоце Георгиевски го заврши натпреварот со четири погодока. Во редовите на Динамо од Букурешт, Вранковиќ постигна осум голови, додека кај ЦСМ Букурешт, новото засилување французинот Сорина истотака постигна осум погодоци.