Ристовски има процент од Топ 5 голмани на СП

Првиот голман на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски од седумте натпревари на првенството на голот стоеше на четири и на нив успеа да собере 47 одбрани.

Сепак, со овие одбрани не можеше да остане во најдобрите десет голмани бидејќи повеќето играат по девет или десет натпревари. Затоа, пак, котира високо според процентот на успешност.

Со 37 проценти на успешност тој е на исто ниво со Апелгрен од Шведска, а само еден процент подобри се Кристенсен, Ландин и Стевановиќ.

Тоа се петте голмани кои успеаја да одбранат најдобро во поглед на процентот, додека Жерард и Ландин се двајцата голмани кои имаа убедливо најголем број на интервенции.

НАЈМНОГУ ОДБРАНИ (ТОП 10)

86 – Винсент Жерард (Франција)

84 – Никлас Ландин (Данска)

79 – Андреас Волф (Гермаија)

73 – Марин Шего (Хрватска)

69 – Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)

69 – Бјоргвин Густавсон (Исланд)

64 – Микаел Апелгрен (Шведска)

61 – Андреас Паличка (Шведска)

57 – Виктор Киреев (Русија)

57 – Данијел Шариќ (Катар)

НАЈДОБРИ ГОЛМАНИ (ПРОЦЕНТ НА ОДБРАНИ)

ТОП 10

38 – Еспен Кристенсен (Норвешка)

38 – Никлас Ландин (Данска)

38 – Иван Стевановиќ (Хрватска)

37 – Борко Ристовски (Македонија)

37 – Микаел Апелгрен (Шведска)

36 – Андреас Паличка (Шведска)

35 – Јаник Грен (Данска)

35 – Андреас Волф (Германија)

34 – Винсент Жерард (Франција)

34 – Виктор Киреев (Русија)