Ристовски: Имаме квалитет и добра тактичка подготовка

Борко Ристовски се врати во редовите на „ црвено – жолтите“ во голем стил и со 13 интервенции имаше значајна улога во победата над Исланд во рамките на квалификациите за ЕП 2018.

„ Задоволен сум од настапот вечерва. Пред сè поради тоа што е прв натпревар на новиот селектор, со нова тактика и подготовка. Полната сала многу ни помогна. За реваншот ќе треба сите да се потрудиме да ја подобриме својата игра и во напад и во одбрана. Мора да одиграме поквалитетно во Исланд „ – истакна Ристовски

Чуварот на мрежата на Барселона забележа дека ова беше поинаков натпревар на тактички план и дека секој си ја завршил својата работа, а како резултат на тоа е победата против една незгодна репрезентација како Исланд.

„ Покажавме солидна игра против една незгодна репрезентација како Исланд. Во Рејкјавик веројатно нема да смениме ништо на тактички план и ќе го играме истиот систем на одбрана и напад. Важно е секој од нас да ја подобри својата игра. Ќе биде доста тешко, за четири дена играме два натпревари, но убеден сум дека имаме квалитет и добра тактичка подготовка „ – изјави Ристовски