Ристовски добива соиграч во Бенфика од Веспрем?

Тимот на Бенфика, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, во новата сезона би можел да добие одлично засилување.

Станува збор за данскиот репрезентативец Рене Тофт Хансен, кој наводно веќе има понуда од португалскиот тим.

Тој се повреди за време на Мундијалот и не беше дел од финалето против Норвешка, а рехабилитација најверојатно ќе трае подолго.

Во моментов е член на Вепрем, но договорот му истекува на крајот на сезоната и нема да му биде продолжен, па ќе биде слободен за трансфер во Бенфика.

Во Веспрем на линијата ќе играат Блаж Благотиншек, Рожерио Мораеш и Андреас Нилсон.