Ристовска ја почна руската авантура (ФОТО)

Македонската репрезентативка Сара Ристовска денеска го започна новото поглавје во кариерата и тренинзите со новиот клуб ЦСКА Москва.

Заедно со бразилската голманка Чана Масон и шведската дефанзивка Сабине Јакобсен, ќе бидат трите интернационалки во рускиот состав.

Базата на почетокот на подготовките ќе биде населбата Красногорск во Московската област. На почетокот на август Ристовска и колешките се селат во Сочи.

Потоа базата ќе биде данскиот Билунд каде ќе настапат и на еден турнир, а по враќањето од Скандинавија ќе тренираат и во Звенигород.

Официјалниот дел од сезоната започнувана на почетокот на септември.