Ристовска стигна во Москва, но багажот не (ФОТО)

Сара Ристовска пред два дена пристигна во руската престолнина Москва, но нејзиниот багаж залута некаде низ аеродромите, бидејќи за да се стигне до далечната дестинација мора да се користат најмалку два лета.

Сепак, таа се појави на првиот собир заедно со новите нејзини колешки и повеќе гледаше од клупата, бидејќи немаше соодветна опрема за тренинг, но од ЦСКА Москва наскоро ќе добие нова и ќе може без проблем да работи на следните тренинзи.

Покрај Ристовска, во ЦСКА Москва, малку атипично за руски ракометен тим, ќе има уште две интернационалки, Чана Масон од Бразил и Сабине Јакобсен од Шведска.