Ристовска пристигна во Москва, таму ја пречека поранешна вардарка – ќе бидат лути ривалки!(ФОТО)

Македонската репрезентативка Сара Ристовска во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата и ќе настапува во ЦСКА Москва.

Станува збор за нов руски проект, кој е поддржан од државата и ќе се обиде уште во првата сезона да му направи голем проблем на шампионот Ростов Дон.

Ристовска веќе пристигна во Москва, а таму ја пречека уште една поранешната вардарка Полина Кузнецова.

Тие во новата сезона ќе бидат големи ривалки, бидејќи се очекува Ростов Дон и ЦСКА Москва да се борат за титулата во рускиот шампионат.