Ривалот на Еурофарм Работник „пазареше“ од ПИК Сегед

Српскиот интернационалец Стефан Сунајко кој е член на ПИК Сегед од наредната сезона се сели во Савехоф. Двата клуба се договорија играчот сезоната 2019/20 да ја помине на позајмица во шведскиот тим.

Со оглед на големата конкуренција кај вице-шампионот на Унгарија можеби ова е подобра опција за неговата кариера. Тој има 21 година и потребни му се повеќе настапи да стекне искуство и да напредува. Позицијата на која настапува Сунајко е лево крило, а со Савехоф има поголеми шанси за настап во Лигата на шампионите.

Стефан Сунајко веќе го напушти ПИК Сегед и нема да патува на подготовките на екипата во Словенија. На Европското првенство во Хрватска за кадети тој беше избран во идеалниот тим на првенството. Сепак повикот од селекторот на Србија за настап во сениорската репрезентација Сунајко го одби и одлучи во иднина да настапува за репрезентација на Унгарија. Тоа право ќе го стекне во летото 2020 година.