„Рибарите“ со триумфален старт: Исланд ја торпедираше Грција

Според очекувањата, репрезентацијата на Исланд имаше победнички старт во квалификациската група во која што е и Македонија. Островјаните на домашен терен беа подобри од Грција и победија убедливо со 35-21.

Грција отвори со предност од 0-1, беше во игра за поволен резултат  а мечот долго време и водството на Исланѓаните беше еден или два гола разлика. Така беше до финишот кога се заредија грешките кај Грција, а домашните лесно казнуваа и на пауза заминаа со +4, 17-13.

Нашиот јужен сосед некако се држеше до 40. минута, но потоа комплетно се распадна нивната игра. По 24-18, серија на Исланд од седум голови по ред за 31-18 и немаше дилеми дека ќе прослават убедлива победа. На крајот мечот заврши со 35-21.

Грците ќе бидат следни ривали на Македонија в недела во Кожани, додека средбите со Исланд, нашите репрезентативци ќе ги одиграат во април следната година.