Република Српска бара прием во ЕХФ

По приемот на Косово како рамноправна членка во ЕХФ, сега и Ракометниот сојуз на Република Српска бара прием во Европската ракометна федерација. Претседателот на Ракометниот сојуз на Република Српска, Здравко Миличевиќ, истакна дека токму приемот на Косово бил мотив за барањето и Република Српска да биде примена во ЕХФ, секако доколку не важат различни услови за прием.

“Косово сега е рамноправен член на ЕХФ, и на оваа репрезентација и е овозможено да игра во меѓународните натпреварувања. Бевме изненадени од оваа одлука, но сега имаме надеж дека и Република Српска може да добие ракометна независност” – истакна Миличевиќ, кој додаде дека Република Српска има многу подобри услови од Косово и дека официјалното барање за членство ќе биде пратено наскоро.