Реми на Црна Гора и Србија на отворањето на Светско првенство за жени во Данска

Црна Гора испушти победа против Србија на почетокот на Светското Првенство во Данска благодарение на одличниот финиш на репрезентацијата на Србија во финалните минути од натпреварот.

Црна Гора – Србија 28-28

Натпреварот го отвори составот на Бошковиќ со три гола едно по друго. Првиот гол за Црна Гора го постигна крилото на Вардар, Јованка Радичевиќ во четвртата минута од натпреварот. Србинките ја одржуваа својата предност па стигнаа до највисоки 9-6 преку погодокот на Радосавјевиќ. Црногорките ги консолидираа своите редови и почнаа да ја топат предноста на србинките, па на десет минути пред крајот на првото полувреме резултатот беше изедначен (12-12). Лошите минути за селекцијата на Србија беа надополнети со директниот црвен картон за Јована Стоилјковиќ, во 24-тата минута од натпреварот. Тоа го искористија ракометарките на Црна Гора па го свртеа резултатот во своја полза (16-13) на минута пред крајот на првиот дел, а по досудениот пенал за Србија, Живковиќ намали на 16-14 резултат кој го означи крајот на првото полувреме.

На почетокот на второто полувреме србинките ја искористија предноста од две ракометарки повеќе и го изедначија резултатот преку Крпеж и Бендерлијер (16-16).  До 43-тата минута се играше гол за гол, но Трифуновиќ и Крпеж добија казна од две минути, а тоа го искористија Црногорките преку Раичевиќ, Мехмедовиќ и Булатовиќ за предност од 24-20. Србинките намалија преку Радојевиќ во 52-рата минута на(24-23), но двата гола на Радичевиќ (26-23) не дозволија Србинките да дојдат до изедначување. На три минути пред крајот репрезентација на Србија преку голот од пенал на Крпеж се доближија на гол разлика (27-26) па следуваа уште по еден гол на двете страни. На минута пред крајот повторно со гол од седум метри србинките го изедначија резултатот 28-28. Црногорките не го искористија последниот напад за победа и покрај исклучувањето на Трифуновиќ на триесет секунди пред крајот.

Најефикасни во составот на Србија беа Катарина Крпеж и Јелена Живковиќ со шест погодоци,а на страната на Црна Гора Булатовиќ постигна осум, а крилото на Вардар, Јованка Радичевиќ блескаше со седум погодоци.