Рајн Некар ja направи Бундеслигата поинтересна!

Кил веќе не е непобедлив тим, супериорен лидер во Бундеслигата . Импресивната победа на Рајн Некар не  само што го изненади  Кил , туку „лавовите“ со оваа победа го презедоа и првото место во германскиот шампионат на четири кола до крајот.
Рајн Некар ја имаа контролата над утакмицата и имаа предност во текот на целиот натпревар , која достигна 7 гола, но домаќините го започнаа славјето малку порано и му дозволија на Кил да се врати на пристоен пораз од само 29-26 . Важна победа за Рајн Некар во походот кон шампионската титула. Сепак не е се загубено за актуелниот шампион, бидејќи  имаат ист број на поени со нивните противници на првите две места на табла, затоа гол разликата би можело да биде одлучувачки при изборот на нов владетел во најсилната лига во светот. Рајн Некер има само еден наслов во Европскиот куп 2013 година, оваа ќе биде нивната прва титула во Бундеслигата , додека Кил е актуелниот Бундеслига шампион .
10275606_10152061966650679_3510089663493855818_o
Со победа во последното одиграно коло, Фленсбург ја зголеми неизвесноста околу името на новиот шампион и сега заостанува само еден поен  зад водечките двојка, што ја прави оваа сезона една од најинтересните во Бундеслига историјата.


Tабела

Место Тим П Раз + О П Н П Дома Гостин
1 Rhein-Neckar Löwen 49 : 9 +184 937 753 29 23 3 3 15-0-0 8-3-3
2 THW Kiel 49 : 9 +161 926 765 29 24 4 1 13-1-0 11-0-4
3 SG Flensburg-Handewitt 48 : 10 +158 879 721 29 23 4 2 13-1-1 10-1-3
4 HSV Handball 46 : 12 +87 932 845 29 22 5 2 11-2-1 11-0-4
5 * Füchse Berlin 38 : 18 +72 800 728 28 18 8 2 10-1-3 8-1-5
6 MT Melsungen 34 : 22 +31 828 797 28 16 10 2 8-1-5 8-1-5
7 SC Magdeburg 33 : 25 +39 842 803 29 15 11 3 9-1-5 6-2-6
8 TSV Hannover-Burgdorf 28 : 30 -46 792 838 29 13 14 2 8-1-6 5-1-8
9 TuS N-Lübbecke 27 : 29 -34 770 804 28 12 13 3 7-2-5 5-1-8
10 TBV Lemgo 25 : 31 -30 833 863 28 11 14 3 7-0-7 4-3-7
11 HSG Wetzlar 25 : 33 -21 755 776 29 11 15 3 6-0-8 5-3-7
12 FRISCH AUF! Göppingen 21 : 35 -15 820 835 28 8 15 5 3-4-7 5-1-8
13 TSV GWD Minden 20 : 36 -55 741 796 28 8 16 4 6-3-5 2-1-11
14 VfL Gummersbach 20 : 36 -69 731 800 28 9 17 2 4-1-9 5-1-8
15 Bergischer HC 17 : 41 -77 789 866 29 7 19 3 4-1-9 3-2-10
16 HBW Balingen-Weilstetten 14 : 42 -72 752 824 28 4 18 6 3-3-8 1-3-10
17 ThSV Eisenach 11 : 45 -136 712 848 28 5 22 1 4-1-9 1-0-13
18 TV Emsdetten 7 : 49 -177 713 890 28 3 24 1 2-1-11 1-0-13