Раул: Ризикувавме премногу во вториот дел, тоа не смее да ни се случува во иднина (ВИДЕО)

Македонија прослави победа над Турција со 31-27 во првиот квалификациски меч за пласман на Европското првенство во 2020 година, но сепак остана мало незадоволство и кај навивачите и кај самите ракометари за неодговорната игра во вториот дел. Селекторот исто така смета дека не било се сјајно во играта на Македонија

„Најважно е дека победивме денес. Треба да ги поправиме сите грешки во нашата игра, ако сакаме да имаме шанса на следните натпревари. Ризикувавме премногу во вториот дел, тоа не смее да ни се случува во иднина, ако сакаме да направиме нешто“, вели Раул.

Целосната изјава на Раул погледнете ја во видеото подолу.