Раул Гонзалес: Првите 15 минути во Клуж мора да бидат многу силни

Средбата која денеска ќе биде одиграна во Клуж ќе го даде одговорот дали Македонија ќе успее да се пласира на уште едно големо натпреварување. Сите работи се подредени кон тоа ракометарите да успеат да го издржат притисокот наметнат со осумте гола предност, но јасно е дека момците ќе знаат да се соочат со него и да го издржат.

Селекторот Раул Гонзлес не препушта ништо на случајот и тој веќе има тактика што значи дека во оваа средба ќе се влезе со сите сили и ќе се дојде до посакувното.

„Имаме високи осум погодоци предност од првиот дуел и мораме да размислуваме позитивно. Овие осум гола ќе ги одбраниме најлесно ако тргнеме во средбата со сите сили од стартот и во првите 15 минути бидеме на високо ниво. Ако успееме тука да бидеме вистинските и да дојдеме до предност тогаш во продолжението од натпреварот ќе ни биде многу полесно“, коментираше Раул пред реваншот со Романија.

Тој вели дека очекува да има измени во играта на Романија, но дека тоа нема да бидат радикални промени туку ситници кои нема да влијаат премногу на она што можат Романците да го покажат на теренот. Главно се очекува Романија да игра исто како и на првата средба.