Ракометното игралиште покрај “Женска плажа” доби ново име (ВИДЕО)

На третиот ден од 47-то издание на Струшкиот турнир се одигра ревијален натпревар меѓу ветераните на Македонија и ветераните на Струга.

Пред стартот на овој интересен дуел, на публиката со краток говор се обрати Претседателот на Управниот Одбор на Струшки турнир, Наумче Мојсовски.

Игралиштето во иднина ќе го носи името на еден од најдобрите пивотмени и стрелци на Струга, кој прерано почина, Горан Попоски – Бабец.