Ракометниот терен го заменија со музика и гитара (ВИДЕО)

Ракометарите на Келце, Дорук Пеливан и Хулен Агинагалде одржаа мини концерт на полоштадот на уметниците во Келце. Турскиот репрезентативец кој е новајлија во Келце покажа дека не е само талентиран ракометар туку и дека многу добро се снаоѓа во музиката.

Дорук Пеливан свири одлично гитара. Во центарот на Келце тој и Агинагалде изведоа една од најпопуларните полски песни од осумдесетите и деведесетите години. Турчинот свиреше а Шпанецот пееше. Нивната изведба погледнете ја во следново видео.