Ракометна еуфорија во Ниш, Железничар го освои куп трофејот

Ракометарите на Железничар од Ниш го освоија куп трофејот на Србија и по пауза од 15 години повторно го вратија во своите витрини. Во добар натпревар,  со многу израмнувања на двете страни,  ракометарите на Железничар заслужено ја извојуваа победата против Црвена Звезда со резултат од 30:26 ( 14-14). Салата “Чаир” наликуваше на вистински пекол за гостинскиот тим, бодредни од околу 2000 гледачи, домаќините одиграа перфектен натпревар цели 60 минути. Најзаслужни за победата беа ракометарите Ѓукиќ и Дениќ кои седум пати ја погодија мрежата на гостинскиот тим,  кај Црвена Звезда, Кајганиќ и Брајовиќ постигнаа по пет голови. За најдобар играч на завршницата на ракометниот куп е прогласен Дарко Ѓукиќ од Железничар кој во наредната сезона ќе го носи дресот на РК Металург.