Ракометен празник во Ниш, сензација на домаќините

Завршницата од ракометниот куп на Србија во машка конкуренција која се игра во градот Ниш приреди доста изненадувања.
Домашната екипа Железничар Ниш успеа да ја совлада Војводина со резултат од 30:29 и да се пласира во финалето. Во второто полуфинале Црвена Звезда беше подобра од Раднички со резултат 34:31.
Финалето е закажано со почеток од 18:00 часот. Иако на двете полуфинални средби, спортската салата “Чаир” не беше солидно исполнета ( 1000 гледачи ), денес домашната екипа очекува поголема поддршка од своите фанови.