Ракометарките ќе играат без плата: Поранешен европски гигант пред згаснување!

Шокантни вести доаѓаат од Норвешка. Поранешниот европски гигант Ларвик е пред згаснување. На неодамнешниот состанок во клубот, било објавено дека договорите на ракометарките и сите вработени во клубот се прекинуваат.

Клубот нема пари на сметка, но има обврска да ги исплати платите уште за месец март, иако вработените и ракометарките не добиле гаранции дека ќе ги добијат парите.

Од бордот на директори најавија дека до крајот на сезоната ќе се борат со оваа ситуација, но доколку не успеат да најдат финансии, на Ларвик му се заканува згаснување. Сепак и покрај лошата состојба, ракометарките веројатно ќе ја доиграат сезоната.

Овој тим е 19 пати шампион на Норвешка, 17 пати го има освоено Купот во скандинавската земја, а стана и европски шампион. Таму играле легенди од типот на Легангер, Ниберг, Хамерсенг, Локе, сестрите Морк…