Ракометарите на Франција во разголено издание

Дел од спортистите во Франција се вклучија во донацијата за здружение за борба против ракот на дојка. Меѓу успешните француски спортисти се најдоа и четворица ракометари, браќата Карабатиќ, Вилијам Акамбре и Даниел Нарцис.

За таа цел тие се сликаа во разголено издание и 40 црно-бели фотографии ќе се најдат на официјалниот календар. Цената на календарот на кој ќе се најдат нивните фотографии изнесува 29 € а веќе може да се изврши нарачка за истиот. Приходот од продажбата ќе се намени за здружението за превенција на рак на дојка Le Cancer du Sein, Parlons-En!

Повеќе детали за нарачката може да најдете на официјалната веб-страна – http://www.dieuxdustade.com/

10405528_10152850023435466_3630024525110862153_n
браќата Карабатиќ

 

10723485_10203797856540075_640466450_n
Даниел Нарцис
10726547_10203797940502174_868100357_n
Вилијам Акамбре