Разочарувачка дијагноза за Катрин Лунде, следува крај на кариерата?!

Голманката на Кристијансанд, Катрин Лунде, на натпреварот за третото место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите против Мец заработи повреда на коленото. По делатните лекарски прегледи беше утврдено дека се работи за повреда на предниот вкрстен лигамент која ќе ја одалечи од терените подогл период.

Ракометарката на норвешкиот состав повредата ја заработи по еден дуел со противничката од Мец, Беатрис Едвиж, по што теренот го напушти на носилки. Повредата на лигаментите е една од најтешките за спортистите и се очекува подолг преиод на рехабилитација.

Првите прогнози левото колено на Лунде за целосно да заздрави е дека ќе биде потребно најмалку една година. Оваа повреда го доведува во прашање и продолжението на кариерата на голманката со оглед на тоа што таа веќе има 39 години.