Радовиш даде силен отпор, но бодовите останаа во Охрид

Ракометарите на Охрид продолжуваат со одличните игри со Суперлигата. Во четвртото коло на домашен терен во салата Билјнини Извори беше совладана екипата на Радовиш со 29:25.

Гостите од Радовиш пружија силен отпор и беа рамноправни во поголемиот дел од натпреварот. Првиот дел беше потполно рамноправен, и двете екипи имаа минимална предност но на крајот по 30 минути игра беше 13:13.

Во вториот дел продолжија во ист ритам, првото поголемо водство Охрид го направи околу 40. минута кога стигнаа до 19:16. Оваа предност не траеше долго, брзо возвратија гостите и пак беше нерешено. Клучен дел за одлучување на победникот беа последните десет минути.

Неколкуте грешки на Радовиш во последниот дел од мечот и двете одбрани на Брануовиќ од кои една од седмерец беа решавачки. Потоа во напад реализираа охриѓани и влегоа во мирни завршни минути. Најефикасен играч за Охрид беше Бобан Блажески со седум гола, а Денис Тот постигна шест. Во екипата на Радовиш, Филип Николов беше најдобар стрелец со седум гола.

ОХРИД – РАДОВИШ      29:25 (13:13)

Сала: СРЦ Билјанини Извори во Охрид. Гледачи: 300. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиевски. Делегат: Славчо Каланоски.

ОХРИД: Брауновиќ, Андоновски 5, Кривокапиќ 1, Блажески 7, Костов, Гошевски, Цителишвили 4, Соколов, Тасески 4, Манасков 2, Ивановски, Ристески, Димитриески, Атанасовски, Тот 6, Даниловски.

Седмерци: 3/4 Исклучувања: /

РАДОВИШ: Пунов, Димов, Јовнов, Ѓоргиевски, Долдуров 1, Фенов, Ѓoрѓиев, Органџиев 2, Николов 7, Ристов 1, Тушев, Илиев 6, Трајанов 2, Везенковски 6.

Седмерци: 4/6 Исклучувања: 14 мин.