Радичевиќ: Минатата сезона пред секој натпревар посакувавме да ги видиме Комити на трибините

Гордана Нацева, претседател на клуб:
Ја најавуваме нашата иницијатива за враќање на Комити на натпреварите на ЖРК Вардар. Се сеќавам како играч на Кометал на нивната подршка, Скопје беше неосвоива тврдина. Потребна ни е нивната поддршка, ќе ни значи многу и со нивна поддршка се надевам дека ќе стигнеме до Будимпешта. Истотака сакам да напоменам дека 30 денари од секоја карта ќе одат за помош на еден од претставниците на Комити, Горан Николовски-Турчин.
За Турингер:
Очекувам победа сигурен старт на домашен терен, нивниот тренер има нова филозофија на играње тие доаѓаат со голема победа, а ние со пораз ги пречекуваме. Не треба да се вртиме назад стручниот штаб верувам дека ги воочи грешките и се подготвени за Турингер
Претставник на навивачката група Комити:
Комити го истакнаа својот став по ова прашање од порано, благодарни сме за иницијативата за помош на Горан Николовски, Вардар од секогаш ја имал нашата поддршка можеби не во толкава мера како на машкиот клуб. Ги повикуваме сите навивачи и симпатизери во сабота да ја наполнат Јане Сандански и да го поддржиме ЖРК Вардар, до првата победа, заедно со нашата поддршка верувам.
Индира Кастратовиќ, тренер на ЖРК Вардар:
Како играч знаев што значи да имаме публика како Комити, кога почнав во Кометал во првиот момент навивачите не беа со нас од самиот почетокот. Сега како тренер сметам дека Вардар има капацитет и успех за да можат сите да ни се придружат во навивање. Посакувам девојките да можат да почуствуваат таа атмосфера, да има страв кај секоја екипа која ќе дојде во Скопје.
За Турингер:
Неможеме бргу да го заборавиме натпреварот во Подгорица, не бараме оправдување анализиравме и ги увидовме грешките. Сега го анализираме Турингер, тие се екипа која игра и трча 60 минути. Екипата има добар бек шутер, брзи крила и голман кој се покажа во одлично издание на натпреварот со Подравка. Јас како тренер ќе се концентрирам на одбрана, тоа го вежбавме овие денови, сега ќе се посветиме и на нападот.
Јованка Радичевиќ, ракометарка Вардар:
Посакувавме на секој меч да ги видиме Комитите позади гол, минатата сезона. Го почитувам нивниот став, но се надевам дека со нивна помош ќе направиме еден чекор повеќе од минатата сезона. Управата заедно со девојките во рамките на своите можности исто така ќе се приклучи во финансиската поддршка за побрзо опоравување на Николовски. Ве молам исполнете ми ја роденденската желба и дозволете да ве видам позади гол на натпреварот против Турингер.
За Турингер:
Мораме да се движиме многу и да не дозволиме лесни голови. Поразот на почеток може да донесе и добри работи увидовме дека Вардар не може да победува само поради имињата кои играат, само со добра игра можеме да се надеваме на нешто во иднина.