Работнички го „преживеа“ Ресен, славеше над Преспа

Во првото коло од плеј-оф разигрувањето во Првата лига, еден од фаворитите Работнички гостуваше во Ресен каде што се сретна со екипата на Преспа. Гостинскиот тим беше поуспешен и ја запиша првата победа, славеше со 31:25, иако домашните важат за „убиец“ на фаворити.

Гостите уште од почетокот влегоа со јасна цел да остварат победа на овој натпревар. Одлично го започнаа наптреварот, од самиот старт поведоа и постојано ја одржуваа предноста во текот на првото полувреме. На полувреме имаа предност 13:11.

На почетокот на второто полувреме Преспа успеа да израмни и да се врати во игра, но немаше сили за целосен пресврт. Иако гостите имаат големи проблеми со повредени ракометари, сепак во финишот без поголеми проблеми ја осигураа победата.

РК Преспа 2015 – РК Работнички
Ресен. Судии: Начевски Виктор – Скопје и Божиновски Даниело – Битола. Контролор: Огненов Игор – Битола. Гледачи: 150.

РК Преспа: Ставревски, Шиклевски 4, Андоновски, Шабединовски 2, Георгиевски, Мирков 4, Јошевски 4, Касовски, Ставревски, Машковски, Башевски 14, Михаили 1, Ристевски, Тасевски, Даскаловски, Беличевски.

РК Работнички: Куртановиќ, Игнов, Кочаров, Анастасовски 1, Милошевски 7, Стефановски, Димитров 9, Кумогородски 5, Мачавелов, Виларов, Благопетров, Палевски 9, Мишоски.