ПСЖ има нов капитен

Шампионот на Франција и еден од главните кандидати и годинава за титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ во новата сезона ќе има нов капитен.

После пензионирањето на Даниел Нарсис и Тиери Омејер трета година по ред тимот има нов капитен, а наследник ќе биде помладиот од браќата Карабатиќ, Лука.

Одлуката падна пивотот на ПСЖ да ја добие капитенската лента и ова ќе биде голема одговорност за него во новата сезона така што ќе треба да ги предводи големите ѕвезди на теренот меѓу кои и неговиот постар брат.