ПСЖ изненаден во Шамбери, Борко со Кретеј немаше свој ден

Шестото коло од најдобрата француска ракометна лига, донесе нов пораз на супер тимот на ПСЖ. Парижаните од гостувањето во Шамбери се враќаат со наведнати глави и конечен резултат 33-32.

Првото полувреме заврши со четири разлика за домаќините,17-13. Клучната 4-0 серија ракометарите на Шамбери ја направија од 12-та до 20-та минута. Во вториот дел, Шамбери имаше и девет голови предност 26-17 во 40-та минута. Супер тимот на ПСЖ успеа да намали на минимална разлика од еден гол, четири минути пред крај со гол на Фахрудин Мелиќ, но домаќините сепак успеаа да го задржат водството и со нови два бода да го одалечат супер тимот на ПСЖ од борба за титулата. По шест кола Нант е на чело на табелата, а по вечерашниот меч Монпелје има можност да се изедначи на првата позиција, парижаните пак сега заостануваат три бодови.

Кретеј е на претпоследната позиција по шестото коло откако убедливо загуби на гостувањето во Тулуз со 40-26. Борко Ристовски немаше свој ден и натпреварот го заврши со 5 одбрани, дури ниту помошта од својот колега Мате Суњиќ кој имаше 8 одбрани не беше доволна, Кретеј да избегне нов пораз. Тулуз клучната предност ја создаде на почетокот на натпреварот со серија од 8-0 по првите 10 минути. Во 25-та минута ја постигнаа првата двоцифрена предност од 17-7, а на полувреме домаќините заминаа со 11 голови предност 20-9. Во второто полувреме Тулуз продолжи со исто темпо, а Кретеј немаа вистинско решение за расположениот напад на домаќините.


Резултати 6 коло ЛНХ француска лига


  • 15/10/2014

    20:00
    Коло 06
    NÎMES26-32SÉLESTAT

    15/10/2014

    20:00
    Коло 06
    DUNKIRK30-25ISTRES

    15/10/2014

    20:30
    Коло 06
    TOULOUSE40-26CRÉTEIL
  • 15/10/2014

    20:30
    Коло 06
    NANTES33-25AIX
  • 15/10/2014

    20:30
    Коло 06
    TREMBLAY22-19CESSON-RENNES
  • 15/10/2014

    20:45
    Коло 06
    CHAMBÉRY33-32PARIS
  •  10/16/2014
    20:45
    Коло 06
    SAINT RAPHAEL__-__MONTPELLIER