ПСЖ го “краде” довчерашниот вардарец од Келце: Циндриќ станува најскапиот играч во светот

Репрезентативецот на Хрватска, Лука Циндриќ летово го напушти нашиот шампион за да му се придружи на Келце каде веќе го претставија како  едно од главните засилување за следната сезона. Но, по се изгледа  хрватскиот среден бек ќе го заобиколи Келце и ќе му се придружи на Париз сен Жермен за вртоглава сума од 4.000.000 евра.

Како што објавува хрватскиот тпортал, газдата на францускиот клуб не сака да штеди пари на засилувања во ракометниот клуб иако главно вложува во фудбалскиот тим и сака да го доведе Лука Циндриќ, кој во случај да ја промени својата одлука и му се придружи на парискиот гигант ќе ја продолжи одличната соработка со Раул Гонзалес.

Наводно, новиот тренер на Французите на разговорите со одговорните лица во новиот тим посакал само една желба, а тоа е доведување на Лука Циндриќ. По изразувањето на желбата парижаните се обиделе да го доведат со неколку вртоглави понуди кои изнесувале од 1 000 000 евра до 2 500 000 милиони евра, понуди кои биле експресно одбиени.

Наредната понуда како што објавува хрватскиот медиум би требало да изнесува 4.000.000 евра, а дали екипата на Келце би успеала да одолее на ваква понуда останува да видиме. За овие преговори нема официјална потврда ни од двете страни.