Противниците на Вардар и Металург во финалето на 25. издание на Клаус Миснер турнирот

Противниците на Вардар и Металург во групната фаза од Лигата на шампионите, екипите на Рајн Некар Ловен и Кил ќе играат во финалето на 25 издание на Интернационалниот Клаус Миснер турнир кој се одржува во градчето Илсенбург. На овогодинешното издание на турнирот свое учество земаа германските екипи Кил, Рајн Некар Ловен, Магденбург и Бергишер, додека интернационална нота на турнирот дадоа дански Скјерн и Висла Плок.

Германските гиганти имаа сигурен настап на патот до самото финале на турнирот, па така екипата на Кил најпрво успеа да го совлада Бергишер со 32-30, а во вториот натпревар беше поразен и дански Скјерн со 34-29.
кил

Рајн Некар Ловен на патот до финалето најпрво извојуваше убедлива победа над Висла Плок со 41-31, додека пак во вториот натпревар имаше далеку потешка задача кога во последните минути од натпреварот успеа да ја совлада екипата на Магденбург со 28-27.

Финалето помеѓу екипите на Кил и Рајн Некар Ловен е на програмата денес од 15:00 часот.

Натпревар за 5 место: Висла Плок-Бергишер (11:00 часот)

Натпревар за 3 место: Магденбург-Скјерн (13:00 часот)

ФИНАЛЕ: Кил-Рајн Некар Ловен (15:00 часот)