Пролет се засилува: Мартин Манасков е ново име

Мартин Манасков во новата сезона ќе го носи дресот на Пролет 62. Тој се договори со екипата која се натпреварува во Супер лигата, а ќе биде дел од овој тим во натпреварувачката 2017/2018.

Доаѓа од редовите на Вардар јуниор каде што настапуваше во минатите две сезони. Инаку, се работи за играч кој настапува на бековската позиција и ќе биде освежување за екипата на Пролет 62.

„Во новата сезона дефинитивно ќе бидам дел од екипата на Пролет. Се договоривме до јуни 2018 година со можност потоа да ја продолжиме соработката. Задоволен сум од условите и од тоа што ќе бидам дел од овој тим во новиот шампионат“, изјави Мартин Манасков.

Тој веќе настапи за Пролет и тоа на средбата против Врање одиграна вчера на која Пролет победи со 35:30.