Пролет и Работнички играа без одбрани – постигнаа дури 74 погодоци!

По освоениот бод во минатото коло од Суперлигата против Металург, ракометарите на Пролет повторно одиграа натпревар на домашен терен, но сега го освоија целиот плен. Иако потешко од очекувањата славеа над Работнички со 38-36.

Во првиот дел и двете екипи имаа свои моменти и ниту една не се одлепи со предност поголема од два голови, а на пауза се замина со нерешено, 18-18. Во ист стил продолжи и второто полувреме.

Во финишот Пролет поведео 34-31, па беше и 35-32, но секое опуштање на домашните, Работнички го казнуваше и намали на минус еден, а имаше и напад за реми, кој не беше искористен.

Џонов, кој неколку пати погодуваше на ист начин во голот на Петковски и Куртановиќ, го даде решавачкиот гол за победа, 38-36, на триесетина секунди до крајот. Тренерот на Работнички повика тајм-аут, но немаше време за неговите избраници да се изборат за нешто повеќе од пристоен пораз.

Најдобар кај домашните беше Џонов со 15 погодоци, додека кај гостинската екипа се истакнаа Палевски со девет и Полјак со седум голови.