Проблеми за Раул и ПСЖ: Се повреди еден од најдобрите ракометари

Екипата на ПСЖ во следниот месец ќе биде без услугите на еден од своите најдобри ракометари. Норвежанецот Сандер Сагосен, кој на крајот од оваа сезона го напушта тимот и се сели во редовите на Кил, заработи повреда на мускулот на ногата поради што ќе мора на пауза.

Според информациите повредата е сериозна и ќе мора да мирува најмалку четири недели така што ова ќе биде проблем за ПСЖ и за Раул Гонзалес кој ќе мора да најде замена за него односно да им даде повеќе минутажа на другите бекови.

Сагосен се повреди на натпревар од првенството на Франција. Тој го напушти теренот на дуелот против Феникс Тулуз после само десет минути игра, а подоцна докторите утврдија дека се работи за сериозен проблем кој ќе го одвои најмалку еден месец од терените.