Проблеми за Вардар: Лакрабер неколку недели надвор од терените (ФОТО)

Француската репрезентативка Александра Лакрабер, која треба да биде една од ударните игли во нападот на Вардар сезонава, ќе биде неколку недели надвор од терените и нема да може да и се стави на располагање на Индира Кастратовиќ.

Таа го повреди левото рамо во Рио, на финалниот меч на Франција против Русија. Се обиде да се врати на теренот, но сепак не успеа. По медицинските прегледи, утврдено е дека ќе мора да паузира неколку недели, а тоа значи дека нема да биде дел од пријателските мечеви на Вардар против Ларвик.

Сепак се очекува нејзин камбек на терените пред стартот на групната фаза од Лигата на шампионите.