Прибак е секогаш подготвен за Македонија: На Раул не можам да му кажам не (ВИДЕО)

Струга е место каде во август се собира ракометниот крем а годинава турнирот има осум екипи, многу познати тренери и играчи. Меѓу нив, поранешни, сегашни и идни репрезентативци на Македонија.

На теренот на отвореното игралиште во Струга се појави и Немања Прибак. Македонскиот репрезентативец, кој веќе неколку сезони игра за турски Бешикташ, а на средбата со Е. Работник токму во решавачките моменти беше прецизен и директно влијаеше на конечниот резултат. Тоа беше прв меч на Струшкиот турнир за Бешикташ кој победи со 31:29. Со девет гола од кои повеќето во последните 15 минути, Прибак беше убедливо најдобриот играч на Бешикташ.

Прибак е играч кој веќе пет години настапува во дресот на репрезентацијата на Македонија, а вели дека секогаш кога е потребен во националниот тим е тука за да помогне. Подготвен да биде во репрезентацијата, не мора да биде експониран туку предност им дава на младите. А тој е тука да помогне ако треба.

Беше дел од тимот на Вардар во време кога тренер беше Веселин Вујовиќ, а потоа и Раул Гонзалез. Тоа се двајцата тренери за кои Прибак вели дека најмногу влијаеле на него.

„Од Раул и од Вујо научив најмногу работи од кариерата. Сепак, од Раул научив и некои многу други работи. Јас едноставно не можам да му речам не. Тој секогаш кога ме вика, јас не можам да речам нè“.

Тоа е во однос на настапот во репрезентацијата на Македонија во следните квалификации за ЕП 2020 и СП 2019. Како размислува Прибак за настапот во Струга, за Бешикташ и притисокот дома конечно да се направи некој рекорд, за амбициите да биде тренер.

Погледнете ја изјавата на Прибак.