Пресврт: Хајди Локе наместо за Ларвик потпиша за Кристијансанд

Иако беше речиси договорен камбек на Хајди Локе во Ларвик, официјално, таа го промени своето мислење и од новата сезона ќе го носи дресот на полуфиналистот од Лигата на шампионите, Кристијансанд. Оваа информација искусната ракометарка ја објави пред норвешките медиуми.

Едно од најголемите ракометни имиња во последниве години, во текот на оваа сезона истакна дека ќе му се придружи на Ларвик каде се прослави како ракометарка, но сега го промени мислењето. Таа во Ларвик мина неколку сезони, но мораше да го напушти поради финансиските проблеми во тимот.

Последните две години настапуваше за норвешкиот Сторхамар и успешно го носеше до втората позиција во домашниот шампионат. Сега на 36 години, Локе прави чекор напред и му се придружува на шампионот на Норвешка и учесник во Лигата на шампионите.

Кристијансанд ќе добие големо засилување на пивотменската позиција во обид да го симне Ѓер од тронот во најелитното европско натпреварување.