Прв пораз за Сара Ристовска и ЦСКА Москва

После одличниот старт со неколку убедливи победи екипата на ЦСКА Москва го претрпе првиот пораз во шампионатот на Русија откако наиде на силниот состав на Лада Тољати.

Составот кој некогаш беше шампион победи со 30:27, а во своите редови ја имаше и Ирина Близнова која се врати на терените. Таа беше една од подобрите во тимот на Лада со четири постигнати голови од пет шута со што беше трет стрелец во тимот.

Што се однесува до Ристовска таа имаше реализација од 100 проценти. Успеа да постигне три гола, но на овој меч, сепак, ЦСКА Москва не успеа да издржи до крај и да дојде до подобар резултат.