Прв интернационален предизвик: Александар Тренчевски се сели во Финска

Досегашниот кружен напаѓач на тимот на Струга, Александар Тренчевски, во продолжение од новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.

По намалувањето на буџетот во Струга, тој се реши да си замине од оваа екипа и кариерата ќе ја продолжи во финскиот тим Паргас ИФ, каде што веќе настапува уште еден македонски интернационалец, десното крило Илија Крстевски.

Тренчевски досега во Македонија беше дел од Драчево, Вардар Јуниор, Зомимак, Прилеп, а иако имаше понуди од суперлигашкото друштво, сепак реши да продолжи во странство.