Прво, па машко: „Пантерот“ Томовски блесна на дебито за сениорите (ВИДЕО)

Младиот голман на Металург – Мартин Томовски, иако долго време се наоѓаше на поширокиот список на сениорската репрезентација, вечерва се најде меѓу 16-те ракометари во ростерот за дуелот со Турција, па по настапите на Медитеранските игри доби шанса и на квалификациски дуел во оваа конкуренција.

„Пантерот“ го замени Ристовски на средината на првиот дел за да брани пенал и го прави тоа успешно.  Тој го запре ударот на Пеливан, по што доби честитки од колегата на голот, како и од сите соиграчи. Ако по утрото денот се познава, тогаш во иднина не чекаат многу „пантерски“ одбрани од Томовски.

Погледнете ја одбраната на Томовски…