Прва победа за Партизан во плеј-аутот

Стартот од плеј-аут лигата кај прволигашите донесе интересен натпревар во Гевгелија каде што составот на Партизан успеа да се избори за победа против тимот на Весна Акумулатори со 30:27.

Гостите од Пробиштип подобро го почнаа натпреварот и поведоа со 5:1, но до крајот на полувремето Партизан успеа да ја достигне негативата и полувремето да го заврши со предност од 15:12. Во вторите 30 минути домашните не им дозволија на ракометарите на Весна Акумулатори да се приближат на помалку од два гола разлика и на крајот екипата од Гевгелија славеше победа.

Одличен настап во составот на Партизан имаше Дамјан Трајковски кој ја наполни мрежата на протвникот со 13 погодоци, а со тоа беше и најзаслужен за победата. Во екипата на Весна Акумулатори тројца играчи постигнаа 25 од вкупно 27 погодоци, Оливер Пешевски и Гоце Ѓоргиевски постигнаа по девет, а Бобан Арсов седум.

Во следното коло Партизан ќе игра протви Риниа М на гости во Скопје, додека Весна Акумулатори повторно ќе гостува овој пат во Куманово.

ПАРТИЗАН – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ    30:27 (15:12)

Сала: 26 Април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

ПАРТИЗАН: Петров, Камчев 1, Динев, Брзанов 2, Костадинов, Вегов 5, Трајковски 13, Костадинов, Мандалов 3, Д. Узунчев, Т. Узунчев 2, Љатев, Велев, Маречев 2, Јанев 2, Стојков.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 12 мин.

ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ: Трајковски, Д. Славевски 1, Б. Славевски, Митев, Ѓоргиевски 9, Арсов 7, Јовчевски, Пешевски 9, Илиевски, Богоев, Стојчов 1, Атанасов.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 14 мин.