По срамниот пораз полскиот селектор поднесе оставка

Германскиот експерт Михаел Биглер поднесе оставка од селекторската функција во репрезентацијата на Полска. Домаќинот на ова првенство имаше високи амбиции, но вчерашниот срамен пораз од Хрватска беше она што му пресуди на искусниот стратег.

По натпреварот кој требаше да ги одведе Полјаците до еуфорија, но се случи спротивното, Биглер се извини на сите навивачи и на ракометарите со што ја прифати вината за слабиот резултат.

Утринава на состанок со претседателот на полската ракометна федерација било договорено тој да замине од селекторската функција, поради незадоволителен резултат на Европското првенство.

На Полска и преостанува борба за седмото место, а оставката на Биглер експресно беше прифатена од полската федерација.