По седум години во Металург, Матијашиќ се врати дома!

Левото крило Тадеј Матијашиќ, по цели седум сезони минати во Автокоманда и играње што за првиот, што за вториот тим, реши да си замине од Металург.

Тој во следната сезона ќе биде член на словенечкиот тим Копер.

„Официјално станав ракометар на Копер и сакам да му помогнам со моето искуство стекнато надвор од Словенија. Во Македонија ми беше прекрасно“, вели Матијашиќ за словенечкиот ШД Шпорт.

Тој потекнува од тимот на Изола, каде играше само во кадетска конкуренција, потоа премина во Копер, од каде што пак пристигна во Македонија.