По напукнување на Ахиловата тетива: Холгер Гландорф успешно опериран!

Во неделата на 21 декември, Флензбург го порази германскиот шампион Кил со 26-22, но победата на освојувачот на Лигата на шампионите ќе остане во сенка на повредата на најдобриот бек во екипата на Љубомир Врањеш, Холгер Гландорф. На две минути пред крај на натпреварот, 31 годишниот Гландорф падна на теренот и мораше итно да биде однесен на дополнителни лекарски прегледи каде е констатирано напукнување на Ахиловата тетива. По извршените анализи Гландорф итно е опериран, а неговото враќање на теренот ќе биде најрано на почетокот на следната сезона.
По натпреварот тренерот на Фленсбург Љубомир Врањеш изјаве дека би ја менувал победата против Кил за повредата на Гландорф.
1908473_869142476442233_1242391334480391246_n
Најдобриот поединец од редовите на Фленсбург се откажа од репрезентативните обврски на почеток на сезоната и остана посветен единствено на матичниот клуб Фленсбург.