По заминувањето од селекторската клупа, Трефилов си поднесе оставка и од Кубан Краснодар

Прес службата на руската федерација соопшти дека легендарниот руски тренер Евгени Трефилов ќе си поднесе оставка и од позицијата тренер во Кубан Краснодар.

Русинот во февруари имаше операција  на срцето во Краснодар и помина неколку месеци во рехабилитација. Пред неколку дена беше соопштено дека тој ќе стане потпреседател на Ракометната федерација на Русија и дека ја напушта селекторската позиција во женската репрезентација.

Трефилов го предводеше Кубан од 2016 година, а во националниот тим беше селектор од 1999 до 2012 и од 2013 до 2019 година. Под негово водство Русија стигна до сребрениот медал на Олимписките игри во 2008 и златниот медал на Олимписките игри  2016 година. Четири пати беше светски шампион а по два пати освои сребрен и бронзен медал од Европските првенства.

На клупско ниво, Трефилов ги предводеше Лада Тољати, Звезда и Астраханочка до титулата во рускиот шампионат. Со Лада го освои Купот на победниците на Куповите и Купот на ЕХФ. Звезда под негово водство ги освои Лигата на шампионите и Купот на ЕХФ.