По главната фаза, Лазаров ја предводи листата стрелци на ЕП

На ден пред натпреварите за пласман на Европското првенство во Полска, македонскиот капитен Кирил Лазаров останува најдобар стрелец со 42 постигнати голови.

За жал Лазаров нема да може да ја брани позицијата, бидејќи Македонија го заврши својот настап на континенталниот собир на единаесеттото место.

Шпанецот Валеро Ривера заостанува за само еден погодок, но има уште два натпревари на кои лесно може да ја превземе лидерската позиција. Четврти на табелата е Хрватот Мануел Штрлек со 35 погодоци, а на петтата позиција е Бјорнсен со 34 постигнати голови. Двете репрезентации ќе имаа уште два натпревари до крајот на првенството и можност за двајцата ракометари да се доближат до титулата најдобар стрелец на Европското првенство.