Почетен шок за отрезнување и мотивирање (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кадетската репрезентација на Македонија имаше лош старт на Светското првенство што се одржува во главниот град.

Избраниците на Данило Брестовац иако имаа предност од пет голови разлика, на крајот загубија од селекцијата на Аргентина со 20-23.

Следен предизвик за нашите кадети ќе биде репрезентацијата на Нигерија за два дена, на истото место во исто време – СЦ “Борис Трајковски” од 20:30 часот.